Достапни линкови

logo-print

Македонските извозници сметаат дека без подобрување на домашните услови за производство, не може да се очекува успех на владината стратегија за зголемување на извозот.

Експертите и извозниците, за новата стратегија на Владата за извоз, велат дека е потребна добра стратегија за поттикнување на извозот, но стравуваат од можноста и оваа стратегијата да остане само на хартија. Владата планира да го зголеми извозот на македонските производи на странските пазари за 30 проценти во наредните 2 години. Предлог стратегијата за промоција на извоз предвидива зајакнување на инстуционалните капацитети, соработка со бизнис заедницата, промоција на домашните производи на меѓународните
Треба одредена помош, како што ви напомнав, во некои сегменти, инвестции, зголемување на енергетската ефикасност, може максимално да произведува
повеќе.
пазари, градење добар имиџ и дефинирање на извозните цели.

Најмалку 60 проценти од македонскиот извоз отпаѓаат на метали и текстил. Директорот на „Макстил“ Александар Панов вели дека за подобрување на извозот прво треба да се подобрат внатрешните услови за производство. Панов вели дека сериозен проблем за металската индустрија се цените на енергенсите, кои се едни од највисоките во регионот, потоа цената на траспортот како и проблемите со инфраструктура и недостаток од железничко поврзување Исток- Запад.

Потребна е поголема институционална помош за капацитетите да се искористат до крај

„Се соочуваме со блокадите кои често пати се случуваат на јужниот дел од Грција. Може да се случи во текот на една година по 100 дена да не работи од разни причини солунското пристаниште, тоа значи дека ние тие 100-тина дена не можеме да ги испочитуваме нашите договори кон нашите партнери да го испорачаме навреме нашиот производ.“

Тој додава дека доколку се подобрат внатрешните услови за производство,
Значи, акцентот треба да се стави на самата структура, значи тука би требало владата да стимулира одредени дејности, за искористување на суровините и за извезување на полупроизводи и на готови производи, значи да не зависиме само од извозот на
металите.
оваа индустрија ќе може да го зголеми извозот до 40 проценти.

„Сите ризици, сите трошоци ќе ги носи на свој грб при што се намалува неговата конкурентност. Треба одредена помош, како што ви напомнав, во некои сегменти, инвестции, зголемување на енергетската ефикасност, може максимално да произведува повеќе.“

Ѓорѓи Тренев, директор на компанија за производство на вино вели дека има капацитети за зголемување на извозот во агросекторот, но потребна е институционална помош за да се искористат до крај.

„Фирмите во голем дел се адаптираат, ние сме присутни до денеска имаме извезено на 29 пазари, меѓутоа мора да се работи многу повеќе на заеднички план, што значи заеднички и повеќе фирмите и меѓу себе да се организираат што беше еден голем недостаток. Ние и ден денеска немаме едно навистина добро организирано здружение каде што би разговорале за проблемите.“

Економскиот аналитичар Шенај Хаџи Мустафа вели дека акцентот треба да се стави на извоз на готови проиводи, а не само на извоз на суровини како до сега.

„Што би влијаело во насока на зголемување на БДП, а со тоа и остварување на поголеми стапки на раст. Значи, акцентот треба да се стави на самата структура, значи тука би требало владата да стимулира одредени дејности, за искористување на суровините и за извезување на полупроизводи и на готови производи, значи да не зависиме само од извозот на металите.“

Таа вели дека е потребно да се направи добра и целосна анализа за да се увидат и внатрешните потенцијали на институциите кои ќе треба да помогнат да се спроведе една стратегија, за да се надмине досегашното искуство од стратегии кои останале само на хартија или нивното реализирање било прекинато поради негативните ефекти кои произлегле од нив.
  • 16x9 Image

    Зорана Гаџовска Спасовска

    Новинарската кариера ја започна во А1 телевизија. Работела на теми од образование, социјални проблеми, здравство и екологија. Родена е на 30.09.1983 година во Скопје. Од јуни 2009-та година работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG