Достапни линкови

Наумовски и Милошоски на средба со европарламентарците


Вицепремиерот за европски прашања Васко Наумовски

Вицепремиерот за европски прашања Васко Наумовски

Вицепремиерот за европски прашања Васко Наумовски заедно со министерот за надворешни работи Антонио Молошоски се во дводневна посета на Брисел, каде утре во Европскиот Парламент ќе биде официјализирана групата на пријатели на Македонија. Според Наумовски тоа преставува уште еден знак на подршката на институцијата во евроинтеграцијата на Македонија. Групата која ќе ја сочинуваат 15 европарламентарци ќе придонесе за продлабочување на соработката на Македонија со Европскиот Парламент. Наумовски и Милошоски ќе остварат работна вечера со некои од европарламентарците.
XS
SM
MD
LG