Достапни линкови

logo-print

НАТО назначи нов претставник на организацијата во Авганистан


Логото на НАТО

Логото на НАТО

НАТО го назначи сегашниот британски амбасадор во Иран за нов цивилен претставник на Алијансата во Кабул. Симон Гас ќе го замени Марк Седвил, кој беше на позицијата една година. Според НАТО Гас формално ќе ја преземе функцијата на 14 и 15 април на состанокот на министрите за надворешни работи на Алијансата во Берлин.
Седвил се залагаше за што поскоро предавање на одговорноста за безбедноста на Авганистан на силите од земјата.
XS
SM
MD
LG