Достапни линкови

Пирати заплениле танкер со 270 илјади сурова нафта


Пирати денеска заплениле танкер кој пренесувал 270 илјади тони сурова нафта на брегот на Оман. Танкерот кој пловел под грчко знаме со екипаж од 25 луѓе патувал преку Персискиот залив до САД. Неговиот товар е проценет на 200 милиони долари. Тоа е вториот танкер кој бил нападнат во истиот регион во последниве два дена.
XS
SM
MD
LG