Достапни линкови

НАТО следната средба ќе ја одржи во Белград во јули


Српското министерство за одбрана соопшти денеска дека следната средба на врвот на НАТО ќе се одржи во Белград во средината на јули. Според министерството целта на средбата ќе биде размена на мислења и искуства меѓу командниот состав и разгледување на воени прашања од глобално и стратешко значење. Во разговорите освен земјите- членки на Алијансата ќе учествуваат и земјите од програмата Партнерство за мир.
XS
SM
MD
LG