Достапни линкови

logo-print

Две деца дневно го губат животот во војната во Авганистан


Авганистанската група за мониторинг на човековите права соопшти денеска дека најмалку по две деца дневно биле жртви на конфликтот во земјата во 2010 година. Според нивниот извештај во минатата година загинале 2421 цивил, а 739 од нив биле малолетни. Речиси две третина од децата загинале при напади на талибанците, и најчесто при експлозија на бомби. Американските и НАТО силите се одговорни за 17 насто од смртните случаи, а провладините сили за 4 насто.
XS
SM
MD
LG