Достапни линкови

logo-print

Пад на довербата во владата и медиумите - зголемена во ОН, ЕУ и НАТО


Маски од вевчанскиот карневал. Пет до дванаесет и за Бранко и за Грујо, но и за Македонија.

Маски од вевчанскиот карневал. Пет до дванаесет и за Бранко и за Грујо, но и за Македонија.

Граѓаните се помалку и веруваат на Владата и на медиумите. Владата има доверба од 36,8 отсто, што е намалување од 2008 и 2007 година кога изнесува 51 отсто односно 44,6 отсто. Медиумите бележат пад од 53,6 отсто во 2008 на 40,4 отсто во 2010 година
Ова се дел од заклучоците од Извештајот „Довербата во институциите и во граѓанското општество“ на Македонскиот центар за меѓународна соработка. Стабилна е довербата на граѓаните во државниот сектор, односно Армијата, образовните институции, полицијата и здравствените институции.
Граѓаните имаат голема доверба во Обединетите нации, во Европската унија и во НАТО, а расте и довербата на меѓународната заедница. Според истражувањето на МЦМС, довербата во ОН, во ЕУ и во НАТО е слична додека во меѓународната заедница е поголема за 6,3 процентни поени во однос на 2008 година.
XS
SM
MD
LG