Достапни линкови

Саркози - министрите за празници да си останат дома


Францускиот Претседател Никола Саркози денеска изјави дека министрите треба да останат во Франција за време на празниците и дека нивните патувања треба да бидат одобрени од Премиерот и дипломатското оделение за да се види дали се компатибилни со француската надворешна политика.
Оваа изјава е дадена по признанието на Премиерот Франсоа Филон дека со семејството бил за Нова Година на крстарење на Нил на сметка на Претседателот на Египет Хосни Мубарак.
XS
SM
MD
LG