Достапни линкови

ОБСЕ - Немање слух за другите е извор на нестабилност на Косово


Kosovo -- Werner Almhofer, the head of the OSCE Mission in Kosovo

Kosovo -- Werner Almhofer, the head of the OSCE Mission in Kosovo

Главните проблеми во Косово остануваат ограничената слобода на движење и затегнатите меѓуетнички односи, недоволниот развој на граѓанското општество и ограничениот пристап до услуги. Тоа се наведува во извештајот на ОБСЕ на тема „Профил на косовските заедници“, објавен денеска во Приштина.
Главниот предизвик е недостигот на разбирање на потребите и загриженоста на другите, која води до општа нестабилност и го отежнува градењето на траен мир на Косово, се вели во извештајот.
Целта на мисијата на ОБСЕ во Косово е воспоставувањето односи на доверба и заемно разбирање меѓу косовските заедници, се истакнува во извештајот.
Мнозинството од двомилионското население на Косово се Албанци муслимани. Србите живеат во компактни групи во неколку енклави, и нивниот број е околу 200.000 лица.
XS
SM
MD
LG