Достапни линкови

logo-print

Кантримен во Скопје: редовно но и за актуелните состојби


Macedonia - Thomas Countryman,

Macedonia - Thomas Countryman,

Томас Кантримен, заменик - помошникот државен секретар на САД задолжен за Европа, утре доаѓа во Скопје, како дел од неговите редовни активности, информира синоќа на средба со новинарите американскиот амбасадор Филип Рикер. Неговата посета е во рамките на балканската турнеја во која ќе ги посети и Приштина и Тирана, рече Рикер.
Предвидено е в четврток тој да се сретне со премиерот Никола Груевски како дел од подготовките за посетата на шефот на македонската Влада на Вашингтон на 16 февруари, а ќе има средби и со лидерот на ДУИ Али Ахмети и со претседателот на СДСМ Бранко Црвенковски. Ке се разговара за билатералните односи, но и актуелни прашања кои, вели, создаваат загриженост, како независноста на судството, слободата на медиумите, состојбата зо Парламентот и политичкиот дијалог. Ќе стане збор и за евроатлантските интеграции и учеството на Македонија во мисијата ИСАФ во Авганистан.
Во однос на денешната рунда преговори во ОН за спорот за името меѓу Македонија и Грција, Рикер го повтори американскиот став оти ги охрабруваат двете страни да работат напорно за да го решат спорот и оти веруваат дека е можно да се дојде до решение.
XS
SM
MD
LG