Достапни линкови

logo-print

Нимиц - прво одвоено па заедно со Јолевски и Василакис


Медијаторот на ОН Метју Нимиц

Медијаторот на ОН Метју Нимиц

По неколкумесечна пауза, медијаторот Метју Нимиц и преговарачите Зоран Јолевски и Адаматиос Василакис повторно ќе се состанат во Њујорк.
Нимиц прво ќе има одделни, а потоа и заедничка средба со двајцата преговарачи.-
„Целта на средбата е да им се даде можност на претставниците на двете страни да ги претстават пред амбасадорот Нимиц позициите на своите влади и разликите меѓу нив, за да се види дали има области кои би можеле натаму да се разработуваат, како и да се утрврдат следните чекори во процесот чија крајна цел е наоѓање брзо решение за прашањето за името, се наведува во соопштението од прес-службата на ОН со кое се најавува денешната нова ринда македонско-грчки разговори.
Во Министерството за надворешни работи велат дека по извршените консултации со државниот врв, преговарачот Јолевски ги добил потребните насоки за текот на разговорите, но детали за тоа какви инструкции добил, не соопштуваат.
XS
SM
MD
LG