Достапни линкови

Томас Кантримен денеска во Приштина


Томас Кантримен

Томас Кантримен

Американскиот заменик-помошник државен секретар за европски и евроазиски прашања Томас Кантримен денеска ќе престојува во Приштина. За време на посетата тој ќе се сретне со вршителот на должноста претседател на Косово Јакуп Красниќи, со премиерот Хашим Тачи и со претставници на сите парламентарни партии. Посетата на Кантримен доаѓа еден ден по средбата во Брисел на Меѓународната управна група, која има задача да го следи спроведувањето на планот на Марти Ахтисари за Косово. Според косовските медиуми, неговиот престој е поврзан со стартот на преговорите за формирање на идната влада на Косово. За време на турнејата во регионот, Кантримен се очекува да ги посети и Македонија и Албанија.
XS
SM
MD
LG