Достапни линкови

Пахор: целиот Западен Балкан во ЕУ


Борут Пахор

Борут Пахор

Словенечкиот премиер Борут Пахор се заложи за интеграција на целиот Западен Балкан во Европската унија, оценувајќи дека европската перспектива ќе биде инспирација за реформи во овие земји, меѓу кои, според него, Босна и Херцеговина е клучен проблем на регионот. Трансформацијата на поранешните комунистички држави е тешка без силна мотивација, јавноста многу често тоа не го сака, изјави Пахор на предавањето во Школата за меѓународни студии на Универзитетот „Џонс Хопкинс“ во Вашингтон. Тој истакна дека е свесен за „заморот“ во ЕУ кога станува збор за проширувањето и речиси постои латентен договор по Хрватска да се почека со приемот на нови членки, но истакна дека тоа ќе претставува погрешна политика. Според Пахор, основа за мир, стабилност и безбедност на Европа е интеграција на цел Балкан во ЕУ.
XS
SM
MD
LG