Достапни линкови

ЕУ им нуди помош на Тунис и на Египет


Кетрин Ештон

Кетрин Ештон

Европската Унија повика на вистински реформи во Тунис и во Египет, а шефицата на европската дипломатија Кетрин Ештон им понуди помош на тие земји во борбата против корупцијата и за транспарентно функционирање на властите. Ештон во советот за безбедност на ОН изјави дека северна Африка и Блискиот Исток минуваат низ големи промени за кои не е јасно колку далеку ќе отидат. „Нашиот став е јасен, демократските барања на граѓаните мора да бидат исполнети низ дијалог, вистинска политичка реформа и со слободни избори“, истакна Ештон.
XS
SM
MD
LG