Достапни линкови

САД: четири чекори за крај на кризата во Египет


Џо Бајден

Џо Бајден

САД сметаат дека Египет треба да преземе четири чекори за запирање на кризата во таа земја. По телефонскиот разговор на американскиот потпретседател Џо Бајден со неговиот египетски колега Омар Сулејман, Белата Куќа соопшти дека првиот од тие чекори би бил ограничување на дејствувањето на министерството за внатрешни работи, односно итен прекин на апсењата, мачењето, тепањето и задржувањето на новинари, политички и граѓански активисти, како и да се овозможи слобода на собирање и изразување. Вториот чекор би бил итно укинување на вонредниот закон, третиот- широко учество во националниот дијалог и последниот чекор би бил покана до опозицијата за заедничка изработка на план за транзиција.
XS
SM
MD
LG