Достапни линкови

Во немирите во Тунис загинале 234 луѓе


Од протестите во Тунис

Од протестите во Тунис

Од почетокот на насилните протести во Тунис, кои доведоа до симнување од власт на долгогодишниот претседател Бен Али, загинале 234 луѓе, а 510 биле повредени, соопштија извори од туниската влада. Според оваа информација, меѓу загинатите се и осум полицајци и 74 затвореници кои настрадале во бунтовите во затворите во целата земја. Неодамна и ОН објавија биланс од немирите во Тунис, со тоа што беше изразено страхување дека тоа не се конечни бројки и оти Обединетиите Нации продолжуваат да собираат податоци на теренот.
XS
SM
MD
LG