Достапни линкови

Русија ќе ја промени временската зона во наредната зима


Рускиот претседател Дмитри Медведев

Рускиот претседател Дмитри Медведев

Рускиот претседател Дмитри Медведев изјави денеска дека Русија нема да го врати саатот наназад во зима, што значи дека Москва ќе биде четири часови понапред од Гринич цела година. Според Медведев адаптирањето на времето секоја година за русите било стресно и предизвикувало болести, како и влијаело на нивниот биоритам.
Русија има девет временски зони од Калининград на границите со ЕУ до Камчатка на Пацификот. Медведев во минатата година ја промени временската зона на Камчатка на осум часови наместо девет пред Москва, што предизвика протести во тој регион.
XS
SM
MD
LG