Достапни линкови

Ослободени 34 политички затвореници во Египет


Протестите во Каиро на плоштадот Тахрир

Протестите во Каиро на плоштадот Тахрир

Египетските власти пуштиле на слобода 34 политички затвореници, соопшти националната новинска агенција. Тоа се првите мерки на владата на претседателот Хосни Мубарак по ветувањето дека ќе спроведе реформи, поради немирите во земјата.
Според агенцијата затворениците сами се пријавиле во полицијата, по бегството од затворите за време на нередите во минатиот месец. Организациите за човекови права соопштија дека не е јасно колку точно политички активисти се затворени во Египет.
XS
SM
MD
LG