Достапни линкови

Комисијата на СЕ со извештај за етничките заедници во БиХ


Европската комисија против расизмот и нетолеранцијата при Советот на Европа објави извештај за БиХ во кој е наведено дека во одредени области земјата остварила напредок, но има прашања за кои има причина за загриженост. Според извештајот „отровната националистичка реторика“ меѓу политичарите потикнува поделби. Тоа создава клима на непријателство и ги стопира преостанатите раселени лица и бегалци да се вратат во земјата. Децата од различно потекло одат во посебни училишта, а ромите живеат во екстремна сиромаштија.
XS
SM
MD
LG