Достапни линкови

Партиски кавги - народот заборавен?


Лидерите на ВМРО ДПМНЕ и СДСМ Груевски и Црвенковски
Лидерите на ВМРО ДПМНЕ и СДСМ Груевски и Црвенковски

Додека траат секојдневните препукувања власт – опозиција, расте незадоволството меѓу граѓаните од политичките лидери.

Опозицијата останува одлучна во намерата да дејствува меѓу народот. Во Социјалдемократскиот сојуз велат дека се подготвени да учествуваат во сериозен политичкиот дијалог, но само кога истиот би резултирал со
Доколку се вратиме во парламентот, во исти услови, кога е очигледно дека власта ги партизира сите сегменти од општественото живеење, нашето присуство во парламентот им дава само кредибилитет на нивната стратегија да се креира тоталитарен режим.
решавање на нивните понудени барања.

„Доколку се вратиме во парламентот, во исти услови, кога е очигледно дека власта ги партизира сите сегменти од општественото живеење, нашето присуство во парламентот им дава само кредибилитет на нивната стратегија да се креира тоталитарен режим“, изјави Весна Бендевска од СДСМ.

За власта пак, однесувањето на опозицијата е несфатливо. Се согласуваме дека е непријатно парламентот да работи без активна опозиција, но истиот има услови да функционира, вели Зоран Петрески од ВМРО-ДПМНЕ

„Нивните барања зад кои се кријат, и сметаат дека треба да бидат надвор од парламентот едноставно се неостварливи. Тие бараат нешто што не може со политички договор и со политичка одлука да им се удоволи на некој начин.“
Нивните барања зад кои се кријат, и сметаат дека треба да бидат надвор од парламентот едноставно се неостварливи. Тие бараат нешто што не може со политички договор и со политичка одлука да им се удоволи на некој начин.


За СДСМ ваквите тврдења се неприфатливи.

„Што е тука неостварливо? Нивната намера е очигледно јасна и не води кон излез.“

И од Демократската унија за интегерации велат дека политичката сосотојба во земјава е комплексна. Факт е дека собранието може нормално да работи оти има двотретинско мнозинство, но од друга страна од ДУИ предупредуваат дека може да се соочиме со ситуација во која законите кои деновиве се донесуваат, во иднина да бидат оспорувани од опозицијата


„Претседателот на Собранието треба да размисли за идеи како може опозицијата да се врати во парламентот“, изјави Тахир Хани од ДУИ.

Но дали во целата оваа политичка конфузија политичарите заборавија на народот? Оние кои ги гласаа и се надеваа дека ќе ги штитат нивните интереси, денеска се разочарани од своите лидери.

„Едно се зборува друго се прави, а најмногу народот страда.“

„Лажат, дојди еден на власт, не чини, другиот исто така. Тие се грижат за себе. За народот воопшто. Си фатија фотељи, а нас не оставија на цедило.“

„Сите партии ме разочараа.“

„Лажги со опашки, сите прават - едно ветуваат, друго работат.“

Повеќето од граѓаните велат дека се исплашени за својата иднина. Признаваат дека егзистенцијалните проблеми, невработеноста, поскапувањата го направија нивното секојдневие неподносливо тешко и оти во такви услови, изгубиле секаква надеж дека политичарите ќе се изборат за подобро утре.
  • 16x9 Image

    Марија Тумановска

    Марија Тумановска, родена 1981 година во Струмица. За време на студентските денови, волонтира во некои од пишаните медиуми. По завршувањето на факултетот за новинарство, станува соработник во детската редакција на Македонското радио, Радио Скопје. Подоцна работи во културниот сектор на истиот медиум. Во Радио Слободна Европа е од декември 2004 година.

XS
SM
MD
LG