Достапни линкови

Двојни аршини


Весникот на Македонците во Бугарија Македонски глас неодамна беше конфискуван од бугарските власти

Весникот на Македонците во Бугарија Македонски глас неодамна беше конфискуван од бугарските власти

Македонците во некои од соседните земји немаат право да ја декларираат националната припадност на пописите.

Македонците од соседните држави немаат можност да ја декларираат националната припадност на претстојните попишувања. Во исто време, медиумите од соседството ги пренесуваат ставовите на тамошните власти кои се заинтересирани за попишување на нивните малцинства во Македонија.

Иако, години наназад, релевантни меѓународни организации посочуваат дека на Македонците во соседството им се ограничуваат основните човекови права, ситуацијата не се менува.
Да се заложат и во ЕУ и во Советот на Европа и особено во ОБСЕ за изедначување на критериумите според кои барем во земјите членки и асоцирани членки на ЕУ да се уедначат стандардите за попишување.


Во Министерството за надворешни работи велат дека при спроведувањето на пописите во соседните земји, „за МНР е важно тоа да биде усогласено со меѓународната и европската правна рамка од областа на човековите права со целосно и доследно почитување на принципот за самоидентификација и неповикување на одредбите од домашното право со цел неисполнување на меѓународните обврски.“

Една од причините за ваква неуедначеност, велат експертите, е слабата позиција на Македонија во регионот.

Професор Димитар Мирчев предлага, македонските власти да се заложат во меѓународните институции да се изедначат стандардите за попишување. Потребна е единствена европска политика за попишување, вели Мирчев.

Средба на премиерите на Македонија, Грција и Албанија Никола Груевси, Јоргос Папандреу и Сали Бериша во Преспа на 27 ноември 2009 година

„Да се заложат и во ЕУ и во Советот на Европа и особено во ОБСЕ за изедначување на критериумите според кои, барем во земјите членки и асоцирани членки на ЕУ, да се уедначат стандардите за попишување на граѓаните и малцинствата. Меѓутоа, претпоставувам дека веќе е доцна, бидејќи во Бугарија веќе е во тек пописот.“

Професор Денко Малески посочува дека позицијата на Македонија на Балканот е многу слаба за да може битно да влијае на процесите во соседните држави. Дефицитот на моќ може да го надоместиме само ако станеме рамноправна членка на НАТО и на ЕУ, вели Малески.
Ако седнеме на маса со соседните земји во овие големи интеграции нашата сила е многу поголема. Вака, остануваме надвор и со оваа мала моќ со која располагаме, не можеме да влијаеме на процесите.

„Ако седнеме на маса со соседните земји во овие големи интеграции нашата сила е многу поголема. Вака, остануваме надвор и со оваа мала моќ со која располагаме, не можеме да влијаеме на процесите.“

Од друга страна, српските медиуми објавуваат дека српското малцинство за прв пат ќе биде попишувано во Албанија, а се надеваат и дека по пописот во Бугарија ќе може да се утврди точниот број Срби кои живеат во оваа земја. Србија не е членка на НАТО и на ЕУ, но Малески вели дека не може да се повлече таква паралела меѓу Македонија и Србија.

„Ние сме во друга ситуација од Србија која е регионална сила. Ние сме мала држава, која мора многу умно да игра на меѓународната сцена за да опстане. Нашата битка е опстанок, за разлика од регионалните сили кои имаат моќ и да влијаат врз соседите на некој начин.“
  • 16x9 Image

    Срѓан Стојанчов

    Новинарската кариера ја започна како новинар во внатрешно-политичката рубрика на дневниот весник Шпиц во 2008 година. Роден е на 27.10.1981г. во Скопје. Од февруари 2009 работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG