Достапни линкови

Уважени жалбите за блокираните сметки на А1 и на другите од случајот Пајажина


Основен суд Скопје

Основен суд Скопје

Кривичниот совет на Основниот суд Скопје 1, денеска ги уважи жалбите на управителот на правното лице „А1 Телевизија“, против решенијата на истражниот судија на овој Суд, за привремено замрзнување на банкарските сметки на ова правно лице и на другите правни лица во случајот „Пајажина“.
- Во врска со поднесените жалби на управителот на правното лице „А1 Телевизија“ ДООЕЛ Скопје, против решенијата на истражниот судија на овој суд, за привремено замрзнување на банкарските сметки на ова правно лице и на другите правни лица, а заради привремено обезбедување средства што се во врска со кривичните дела, денеска Кривичниот совет на овој суд донесе Одлука - Решение со која жалбите ги уважи, а по повод жалбите и по службена должност, решенијата на истражниот судија ги укина и предметите ги врати на повторно одлучување, се вели во денешното соопштение од Канцеларија за односи со јавност при Основен суд Скопје 1.
XS
SM
MD
LG