Достапни линкови

Москва не ја коментира изјавата на Умаров за експлозијата на аеродромот


Доку Умаров

Доку Умаров

Чеченскиот исламистички лидер Доку Умаров, преку видео порака на интернет, соопшти дека тој го наредил самоубиствениот бомбашки напад на аеродромот во Москва во минатиот месец, во кој загинаа 36 луѓе. Умаров се заканува и со нови напади против Русија. Руската федерална служба за безбедност не ја коментира објавата на Умаров, а анонимен извор за некои агенции рекол дека изјави на бандити не се коментираат, бандитите треба да бидат ликвидирани.
XS
SM
MD
LG