Достапни линкови

Северна и Јужна Кореја почнаа преговори


Воени офицери од Северна и Јужна Кореја денеска за прв пат почнаа разговори во добро обезбедена демилитализирана зона, откако во ноември минатата година Северна Кореја испука граната врз Јужна Кореја, при што загинаа 4 лица. Според јужнокорејското министерство за одбрана, офицерите од двете Кореи се состанаа за да одредат датум и да почнат со обработка на деталите околу мировните преговори кои ќе се водат на повисоко дипломатско и воено ниво. Тие се состанаа во селото Панмунјон кое се наоѓа на самата граница меѓу двете Кореи
XS
SM
MD
LG