Достапни линкови

Протестите во Каиро продолжуваат


Каиро

Каиро

Протестите продолжуваат на плоштадот во Каиро и покрај владиниот обид да се стави крај на двенеделните масовни демонстрации. Демонстрантите барат претседателот Хосни Мубарак да се симне веднаш од функција. Во меѓувреме потпаролот на Белата Куќа Филип Кроули изјави дека одржување на слободни избори ќе биде предизвик за Египет и повика на што поскоро отпочнување на процесот на транзиција. Тој додаде дека доколку Мубарак се симне од функцијата денеска изборите ќе треба да се одржат во рок од 60 дена, а со тоа се поставува прашањето, како што вели тој, дали Египет е подготвена за слободни и фер избори. Во неделата претставници на египетската влада се сретнале со неколку опозициски групи меѓу кои и со забранетата „муслиманко братство “.По разговорите дел од опозициските претставници изјавија дека ветувањата за промени не се доволни. Додека Владата смета дека претседателот Хосни Муабарак треба да остане на власт за да ги надгледува реформите.
XS
SM
MD
LG