Достапни линкови

Вашингтон ќе го признае Јужан Судан во јули годинава


Барак Обама

Барак Обама

Американскиот претседател Барак Обама им честита на граѓаните на Јужен Судан за резултатите од референдумот за независност и изјави дека Вашингтон ќе го признае Јужен Судан како независна и суверена држава во јули годинава. Ова тој го најави по соопштување на резултатите кои покажуваат дека речиси 99 проценти од населениото гласале за независност. Еврокомесарот за надворешни работи Кетрин Ештон го оцени референдумот како „историски момент за Судан“. Стотици граѓани синоќа излегле на улиците во главниот град да прослават по објавувањето на официјалните резултати. Претходно претседателот на Судан Омар Хасан ал Башир изјави дека ги прифаќа резултатите. Независноста на Јужен Судан ќе стапи на сила на 9 јули.
Гласањето е продолжение на мировниот договор од 2005 година со кој се стави крај на конфликтот меѓу северот и југот на Судан.
XS
SM
MD
LG