Достапни линкови

Сослушувањето на Асанж продолжува и денеска


Основачот на Викиликс Џулијан Асанж по сослушувањето во Лондонскиот суд изјави дека истрагата против него е политички мотивирана и се надева дека ќе се докаже дека обвинувањата се „празни“. Асанж е обвинет за сексуално насилство и силување во Шведска и во лондонскиот суд се бори против екстрадиција. Неговиот адвокат Џефри Робертсон пред судот истакна дека Асанж ќе се соочи со флагрантно негирање на правдата доколу го ектрадираат во Шведска затоа што таму нема да има праведно судење и оти Стокхолм би можел да го испорача во САД, каде би можеле да го осудат на смрт по одделни обвиненија поврзани со Викиликс. Сослушувањето за неговата екстрадиција ќе продолжи и денеска.
XS
SM
MD
LG