Достапни линкови

Објавени резултатите од парламентарните избори во Косово


Косовската изборна комисија денеска ги објави конечните резултати од предвремените парламентарни избори во земјата. Најголем број на паратенички места 34 освоила Демократската партија на Косово на премиерот Хашим Тачи. На второто место се наоѓа Демократскиот сојуз на Косово кој ќе има 27 пратенички места. Движењето Самоопределување е на третото место со 14 мандати, а Алијансата за иднина на Косово е на четвртото со 12 пратеници.
Конечните резултати се објавени, откако Врховниот суд ги разгледа и ги отфрли трите жалби за првичните резултати.
XS
SM
MD
LG