Достапни линкови

Загубата на бебето на една од притвореничките во случајот „Пајажина“, како и темата за абортусот предизвикаа лавина реакции и коментари од нашите читатели.

На сиот негативен рејтинг на судството во Македонија поради политичкото влијание, неефикасноста, партизираноста и корумпираноста, се случи и несреќната загуба на бебето на една од притворените управителки во случајот „Пајажина“. Тоа предизвика и лавина реакции со коментари на нашите читатели, кои го покажуваат револтот и гневот од непромисленоста на судските власти.

Стојан од Скопје ја коментира иронијата во случајот: кога беше бремена-не ја пуштаа од притвор, сега, кога веќе не е, ја пуштија во домашен притвор. Судијата Туфегчиќ и неговите ментори признаа дека немало опасност од повторување на делото, признаа дека осомничената непотребно се држела во притвор, признаа дека со тоа извршија тешко кривично дело...

Живко од Битола коментира дека загубеното со ништо не може да се надокнади и смета дека претседателката на судот Неделкова нема доблест да си поднесе оставка по ваквото случување, а Сале од Скопје преупредува дека Господ казнувал до трето колено.

Милан смета дека поголема срамота како држава од ова нема да доживееме и смета дека судиите немаат совест, а Виолета заклучува дека судиите, покрај тоа што се корумпирани, нечесни и подлизурковци на власта, немале ниту совест ниту душа. Господе, каде си, зошто не' остави?- прашува со восклик Виолета.

Нико од Битола пишува дека во креветот во Шутка каде што лежела кутрата жена што го загуби детето би ја ставил претседателката на судот Неделкова, и тоа, вели, на подолг рок, од 15 години.


Македонците се сочувствителни, конзервативни, но и модерни. Тоа го покажуваат реакциите на нашата анализа во врска со владината кампања против абортусот: Александар од Виница го повикува Господа да ни е на помош кога, како што пишува, се сече нешто што е наследство, а Јуве, пак, од Скопје смета дека никој нема право на жената да и' кажува што да прави со своето тело и со она што се случува во нејзиното тело. Јуве гласа за правото жените сами да решаваат за тоа.

Нашите слушатели имаат многу забелешки и на новинарската работа. Анализата за новинарските поделби го испровоцирала некој Јосиф Давидов да напише дека не го разбира во целост поврзувањето на новинарските поделби и тоталитарниот режим, затоа што, вели, Македонија не била тоталитарна држава бидејќи во неа работеле 20 телевизии и уште толку пишани медиуми, што всушност било демократска придобивка. Владо од Скопје смета дека новинарите треба да се дистанцираат од своите газди, што било тешко, како што коментира, и потсетува дека кога А1 била со оваа власт течело мед и млеко, а сега што и да направела власта, не чинело.
  • 16x9 Image

    Горица Попова

    Родена е во Кочани, дипломирала во 1976 год. на Филозофскиот факултет во Скопје. Како новинар работи над 30 години. Почнала во Македонско радио- Радио Скопје во 1978 год. Од јуни 2009 год. е соработник на Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG