Достапни линкови

Горан Милиќ, директор на балканската Ал Џезира


Горан Милиќ

Горан Милиќ

Познат во регионот како прв човек на некогашниот Јутел и до неодамна како водител на Хрватската телевизија, шеесет и пет годишниот Горан Милиќ ќе биде директор на балканската Ал Џезира, телевизија која од Сараево покренува регионална програма. Таа, како што вели Милиќ, ќе биде поинаква и помодерна и во неа ќе бидат искористени сите можности за телевизиско поврзување на земјите на Балканот.

Работата на новата балканска Ал Џезира има двоен предизвик, вели Горан Милиќ во разговорот со новинарката на Радио Слободна Европа Марија Арнаутовиќ.

Тој прецизира дека, освен што со програмата ќе бидат покриени неколку земји во регионот, тоа ќе значи и отворање на регионот кон светот со оглед на тоа што Ал Џезира има 60 милиони гледачи.

„Сега ако некој тргне да напаѓа дека е ова Јутел, слушајте: Јутел некои го сакаа, некои не. Тоа е исто. Тоа беше едно необјективно време, време кога се пукаше и кога ниту една вест не е вистина и кога ниту една емоција не е вистинска. Сепак и тогаш имавме гледаност од 26 насто, што денес нема ниту еден Дневник во регионот.“
Сите сме во тоа посткомунистичко време кога секој се снаоѓа како знае. Секој пример кој изгледа дека е позитивен во една земја може да биде интересен за некоја друга.

Говорејќи за концептот на програмата на Ал Џезира, Милиќ додава дека таа ќе биде пред се, информативна со вести од сите земји во регионот.

„Притоа не ми паѓа на памет да мерам минутажа кој јазик бил позастапен за да не се навреди едниот или другиот“, вели Милиќ, додавајќи:

„Значи тоа сега е можност за теми кои ги допираат сите, да кажеме, трговијата со луѓе, дрогата, или пак за решенија кои се интересни, бидејќи сите сме во тоа посткомунистичко време кога секој се снаоѓа како знае. Секој пример кој изгледа дека е позитивен во една земја може да биде интересен за некоја друга.“

Горан Милиќ додава дека гледајќи ја Ал Џезира на англиски јазик која има добиено светска награда како најдобар њуз сервис може да каже оти балканската може повеќе.

Многу ќе зависи од она што ќе го донесе денот, вели тој, наведувајќи дека веќе почнал да го подготвува концептот на програмата на Ал Џезира.

„Веќе тоа го подготвив. Не е тешко да се направи шема. Проблемот е секогаш, како во фудбалот: ќе разработите игра, тактика, ќе предвидите се и тогаш доаѓа Меси и ви дава три голови. Има работи кои се непредвидливи и зависат од луѓето. Најважно е да се најдат тие 150 луѓе и на секој да му се најде соодветено место“, вели во интервјуто за Радио Слободна Европа Горан Милиќ, кој ќе биде првиот човек на балканската Ал Џезира телевизија која ќе се емитува од Сараево.
  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG