Достапни линкови

Преговори за нова косовска влада


Хашим Тачи

Хашим Тачи

Актуелниот косовски премиер и лидер на Демократската партија на Косово Хашим Тачи денеска ќе започне преговори за формирање нова косовска Влада, по предвремените парламентарни избори одржани на 12 декември минатата година. Се очекува составот на владата да биде познат до 17 февруари кога се навршуваат три години од независноста на Косово. Засега единствени сигурни коалициски партнери на Демократската партија, која освои најголем број гласови на изборите, но не доволно мандати за да состави влада самостојно, се пратениците од турското, бошњачкото и српското малцинство.
XS
SM
MD
LG