Достапни линкови

Обама - Сега е време за промени во Египет


Хосни Мубарак и Барак Обама на средба во Белата куќа на 18 август 2009 година

Хосни Мубарак и Барак Обама на средба во Белата куќа на 18 август 2009 година

Американскиот претседател Барак Обама изјави дека верува оти Египет „нема да се врати на она што беше“ и дека сега е време за промени. Во интервју за телевизијата Фокс њуз, Обама рече дека само египетскиот претседател Хосни Мубарак знае што ќе направи, но оти е јасно дека Египќаните сакаат фер избори.

Обама рече дека верува оти „Муслиманското братство“ е само една политичка опција во Египет, која има одредена анти-американска идеологија, но оти нема подршка од мнозинството. Обама оцени дека „Муслиманското братство“ е добро организирано.

Во меѓувреме, државната секретарка Хилари Клинтон изјави дека заминувањето на Мубарак зависи од Египќаните, но оти прераното негово заминување може да предизвика изборни компликации.
XS
SM
MD
LG