Достапни линкови

„Брана на пријателството“ меѓу Турција и Сирија


Турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган

Турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган

Турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган изрази задоволство од односите на неговата земја со Сирија и изјави дека заедничкиот проект за брана на границата меѓу двете земји уште повеќе ќе ја зајакне соработката. Тој, заедно со неговиот сириски колега присуствуваше на свеченоста за почетокот на изградбата на „Браната на пријателството“ на реката Оронт. Се очекува браната да служи за наводнување на 10 илјади хектари земјоделско земјиште во двете земји и да произведува 16 милиони киловат часови струја годишно.
Потоа Ердоган отпатува во сирискиот град Алеп, на средба со сирискиот претседател Башар Ал Асад.
XS
SM
MD
LG