Достапни линкови

Експерти на ЕУ и ММФ на нова мисија во Атина


Група експерти од Европската унија, Европската централна банка и ММФ утре во Атина почнуваат нова мисија за проверка на реформите за буџетско заздравување на Грција. Проверката е поради следната транша од заемите на земјата во висина од 15 милијарди евра. Според грчкото министерство за финансии нема опасност од откажување на следната транша, бидејќи земјата успеала да постигне поголем дел од буџетските цели.
XS
SM
MD
LG