Достапни линкови

На лидерската средба Иванов очекува отворен дијалог


Претседателот Ѓорѓе Иванов

Лидерската средба која ја организира македонскиот претседател Ѓорѓе Иванов ќе се одржи утре во 14 часот во претседателската резиденција. На средбата се поканети претседателот на Собранието Трајко Вељановски и лидерите на најголемите политички партии. Според соопштението на кабинетот на Иванов тој се надева дека на средбата со отворен дијалог ќе се надмине актуелната ситуација во Собранието. Иванов смета дека нормалното функционирање на демократијата е неопходно и поради обврските на сите чинители на македонската држава.
XS
SM
MD
LG