Достапни линкови

logo-print

Викиликс-Британија се ангажирала за решавање на спорот со името


Основачот на Викиликс Џулијан Асанж

Основачот на Викиликс Џулијан Асанж

Интернет сајтот Викилкис објави доверлива телеграма што американската амбасада ја испратила од Лондон во Вашингтон во април 2008 година во која е наведено дека британската влада и натаму ќе ја охрабрува Атина да биде пофлексибилна во спорот со името со Македонија. Според телеграмата по средбата на британскиот амбасадот во Грција со министерката за надворешни работи Дора Бакојани било забележано мало придвижување на грчката позиција, покрај дотогашните објаснувања дека Скопје одбива да биде флексибилно, а Атина работи ангажирано во процесот во рамки на ОН. Британскиот дипломат
Според Адам Бај кој е цитиран во телеграмата британската влада заедно со администрацијата на САД работела ангажирано за излез од проблемот меѓу Македонија и Грција, како и за евроатланската интеграција на Македонија.
Во друг документ од истата година во февруари кој го објави Викиликс стои дека Македонија прифатила компромисно име што би било предложено од посредникот на ОН Метју Нимиц, максимален притисок мора да биде извршен врз грчката страна.
XS
SM
MD
LG