Достапни линкови

Ирачкиот премиер Малики нема да се кандидира на следните избори


Ирачкиот премиер Нури ал Малики

Ирачкиот премиер Нури ал Малики

Ирачкиот премиер Нури Ал Малики изјави за националната телевизија дека нема да се кандидира за освојување на трет мандат на следните избори во 2014 година. Малики вчера се откажа од половината од неговата годишна плата за да помогне да се намали разликата меѓу богатите и сиромашните. Свештениците за време на петочните молитви побараа од лидерите да направат повеќе во борбата со корупцијата и да промовираат социјална правда за да не му се случи на Ирак сценариото од Тунис и Египет.
XS
SM
MD
LG