Достапни линкови

Бучковски на следното судско ричиште спроведен стражарно


Пратеникот Владо Бучковски

Пратеникот Владо Бучковски

Основниот суд 1 издаде наредба пратеникот на СДСМ Владо Бучковски да биде спроведен стражарно за следното судиско рочиште за случајот „Резервни делови“. Бучковски од надлежниот суд побарал одлагање на рочиштето, бидејќи морал да оди на службено патување од 3 до 8 февруари. Судот за да ја провери веродостојноста на наводите од поднесокот се обратил до Собранието, од каде добил информација дека не е одобрено службено патување во име на законодавниот дом на обвинетиот Бучковски.
Следното рочиште е закажано за три дена, а досега од 13 претреси се одржале само два. Поранешниот премиер и министер за одбрана Бучковски е обвинет за злоупотреба на службената положба за набавка на резервни делови за потребите на АРМ.
XS
SM
MD
LG