Достапни линкови

Протести на екстремната десница во Англија


Околу илјада полицајци се распоредени денеска во Лутон, кој се наоѓа северно од Лондон, поради најавените протести на екстремната десница и нејзините лево ориентирани политички противници. Десничарската партија Лига за одбрана на Англија соопшти дека неколку илјади луѓе ќе присуствуваат на протестите во Лутон, каде претходно имаше немири на расна основа.
Левичарите Обединети против фашизмот и муслиманските организации се очекува да се спротистават на протестите. Лигата за одбрана на Англија се бори против ширење на радикалниот ислам
XS
SM
MD
LG