Достапни линкови

Ќе ги собере ли Иванов партиските лидери во понеделник?


Најголемите политичките партии во Република Македонија во текот на викендов треба да се произнесат по поканата на Претседателот Ѓорѓе Иванов кој во понеделник закажа лидерска средба, на која би се разговарало за актуелните настани и бојкот на опозицијата на Парламентот. Опозициската СДСМ за ова ќе расправа денеска на седница на Централниот комитет на партијата, а ВМРО ДПМНЕ се очекува утре да одржи седница на Извршниот комитет. Покрај НСДП и Нова Демократија се очекува за поканата на Иванов да се произнесе и ДПА. На средбата е поканет и претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски, кој вчера експресно го поврди своето присуство.
XS
SM
MD
LG