Достапни линкови

Пакистан - 25 илјади бегалци од пограничните зони со Авганистан


Портпаролот на ОН Aдријан Едвардс

Портпаролот на ОН Aдријан Едвардс

Обединетите Нации соопштија дека околу 25 илјади селани во Пакистан ги напуштиле своите домови покрај границата со Авганистан поради армиската офанзива против исламските милитанти.
Се проценува дека таа бројка до крајот на месецов би можела да изнесува 90 илјади луѓе, доколку борбите се интензивираат.
Многу од избеганите во двата нови кампа на Обединетите Нации пристигнале со малку облека. Според пакистанките власти, досега во операциите се убиени 100 милитанти во провинцијата Мохманд.
XS
SM
MD
LG