Достапни линкови

Израел ветува потези за подобрување на палестинската економија


Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска вети зголемени напори за поддршка на економскиот развој на палестинските територии и повика на обновување на израелско палестинските мировни преговори. Нетанјаху ова го изјави на средбата со пратеникот на меѓународната четворка за Блискиот Исток Тони Блер. Четворката утре во Берлин треба да расправа за можноста од обновување на преговорите кои беа стопирани поради продолжувањето на изградбата на еврејски населби во областите за кои палестинците сметаат дека им припаѓаат.
XS
SM
MD
LG