Достапни линкови

Одбиени жалбите за притворот на осомничените во „Пајажина,,


Апелацискиот суд во Скопје денеска ги одби жалбите поднесени од адвокатите на осомничените во случајот „Пајажина,, на одлуката на истражниот судија да им го продолжи притворот во Истражниот затвор Шутка. Освен управителката на една од фирмите на „Перо Наков“ , која пред два дена го изгуби бебето, во притвор остануваа сите осомничени од овој случај. Основниот суд Скопје 1 се уште нема донесено одлука по предметот за деблокирање на сметките на фирмите од „Перо Наков„ бб.
XS
SM
MD
LG