Достапни линкови

Црвенковски ќе оди на лидерската средба


Парламентарните партии, викендов ќе ги градат своите ставови со кои ќе настапат на лидерската средба, што за во понеделник ја закажа претседателот Ѓорѓе Иванов. Од опозициската СДСМ потврдуваат дека нивниот лидер Бранко Црвенковски ќе присуствува на средбата, но оти ставовите што ќе ги презентираат ќе ги изградат на утрешната седница на Централниот комитет на партијата. Владејачката ВМРО-ДПМНЕ се очекува во недела да одржи седница на Извршниот комитет. Претставници на партијата велат дека е добро дијалогот да се практикува и оти ќе направат се за да се надминат проблемите. Во владиниот коалициски партанер ДУИ велат дека очекуваат меѓу политичките партии да се воспостави вистинска комуникација која ќе биде во интерес на институциите, а не на партиите. Лидерот на ДПА Мендух Тачи утре официјално ќе го соопшти ставот на партијата дали ќе присуствува на лидерската средба в понеделник.
XS
SM
MD
LG