Достапни линкови

logo-print

Во Минхен почнува конференцијата за безбедност


Нередите во Египет се очекува да доминираат на годинешната Минхенска конференција за безбедност, што почнува денеска и ќе трае до недела. Меѓу учесниците, годинава се и германската канцеларка Ангела Меркел, американскиот државен секретар Хилари Клинтон и генералниот секретар на Обединетите Нации, Бан Ки Мун. На маргините на конференцијата е планиран и состанок на квартетот за Блискиот Исток. Клинтон и нејзиниот руски колега, Сергеј Лавров во Минхен ќе ги разменат финалните документи за меѓусебниот договор за намалување на нуклеарното оружје, СТАРТ.
XS
SM
MD
LG