Достапни линкови

139 години од раѓањето на Гоце Делчев


Со панихида и со положување цвеќе пред гробот на македонскиот револуционер Гоце Делчев, денеска во црквата „Св. Спас“ во Скопје е одбележана 139-годишнината од неговото раѓање. На гробот на Делчев цвеќе положија премиерот Никола Груевски, придружуван од вицепремиерите Васко Наумовски и Абдилаќим Адеми и министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, делегации од кабинетите на претседателот на државата и на Собранието на Република Македонија, делегација на АРМ, како и претставници на повеќе политички партии, општини, институции и здруженија. Историчарот Михајло Миноски по панихидата изјави дека за современата македонска историја нема поголема личност од Гоце Делчев, водечка фигура на македонската револуционерна организација. - Без Гоце Делчев не ќе го имавме Илинденското востание, а тоа е темелот на македонската државност, рече Миноски.
XS
SM
MD
LG