Достапни линкови

Закони без расправа


Владеjачкото мнозинство носи закони и покрај бојкотот на Собранието од страна на опозицијата. Според експертите, тоа го доведува во прашање квалитетот на законите.

По усвојувањето неколку предлог закони во Собранието, опозицијата која ја бојкотира неговата работа критикува дека на сегашното парламентарно мнозинство не му е потребен политички дијалог. Додека нивните места останаа празни, впечатокот на парламентарното мнозинство е дека пратениците од опозицијата се неодговорни. Најголеми забелешки има што во првата фаза од собраниската процедура помина законот за лустрација. Се очекува тука да се кршат копјата и понатаму. Тито Петковски од НСДП вели дека тоа е закон кој не може да биде донесен со консензус:

„Бидејќи за да се спроведе функционална лустрација за која што наводно се
Не може да градиме консензус и да носиме закони, а тие да излегуваат од Собранието
залага власта се прават опсежни консултации, значи не е тоа само прашање на владечките партии, прочистувањето е прашање на македонското општество.“

Додека опозицијата отсуствува од парламентот, од минатата недела пратениците од владеачкото мнозинство предупредуваат дека институциите треба да продолжат да фукционираат. Пред гласањето и претседателот на Собранието Трајко Вељаноски го повтори своето барање до пратениците од опозицијата да се вратат на работа и да учествуваат во донесувањето закони кои се од голема важност.
Станува збор за работа на едно парламентарно мнозинство без со Устав определен коректор, а тоа е опозиција. Секогаш ќе биде можно во јавноста да се оспорува легитимноста на таквото донесување на одлуки.

„Сега се отвара можноста преку амандамани да интервенираат и да го подобрат текстот доколку сметаат дека нешто не е во ред, тоа е начинот на кој што се гради консензус. Не може да градиме консензус и да носиме закони, а тие да излегуваат од Собранието“, изјави Зоран Петрески од ВМРО-ДПМНЕ.

Професорот по уставно право Бајрам Положани ја истакнува неопходноста од одржување расправа во парламентот. Тој коментира дека со носењето закони без опозиција не е доведена во прашање легитимноста на донесените решенија, но се намалува нивната тежина:



„Станува збор за работа на едно парламентарно мнозинство без, со Устав определен коректор, а тоа е опозиција. Секогаш ќе биде можно во јавноста да се оспорува легитимноста на таквото донесување на одлуки.“

Сегашната ситуација во Парламентот, за некои пратеници наликува на онаа пред две години кога случи бојкот на Собранието од СДСМ. По ова опозицијата имаше остри критики поради носење огромен број закони минатиот месец во што учествуваше само парламентарното мнозинство, што не претставува одраз на политички дијалог:

„Денеска тоа не е случај. Ние имавме обемна дискусија за овој закон, во која учествуваа голем број на пратеници, никој нема намера да донесе закон по експресна постапка“, коментира Петрески.

„Не, не тука нема суштествена разлика дали вие ќе го донесете законот за 10 минути без дебата или ќе фингирате дебата, како на пример вчера што беше дебатата во Парламентот“, вели Петковски.

По темпото на работата на Собранието, пред две години претседателот на Парламентот се согласи дека носењето на толку голем број закони не е препорачливо.
  • 16x9 Image

    Мирјана Спасовска

    Родена е во Скопје 1971 година. Од 1996 та година работи во телевизиската кука А1. Од 1998 та година е во телевизијата Телма каде за централно информативната емисија известува за дневни социјално - општествени теми.  Во Радио Слободна Европа е од 2002 та година.  

XS
SM
MD
LG