Достапни линкови

Египетскиот министер за одбрана на плоштадот Тахрир


Министерот за одбрана на Египет Хусеин Тантави го посети централниот каирски плоштад Тахрир каде што се очекува масовен собир под слоганот ,,Петок на заминување,, на кој ќе биде побарана оставка на претседателот Хосни Мубарак. На овој плоштад во изминативе два дена дојде до крвави пресметки меѓу демонстрантите и приврзаниците на Мубарак. Тој вчера изјави дека би сакал да си замине, но оти страхувал дека неговата оставка ќе донесе хаос во Египет.
XS
SM
MD
LG