Достапни линкови

logo-print

Пакистан: 22 илјади бегалци


Околу 22 илјади цивили побегнале од Мохманд, област во Пакистан на границата со Авганистан каде што се водат жестоки борби меѓу владините трупи и екстремистите. Владини претставници изјавија дека офанзивата во Мохманд започнала на 27 минатиот месец со цел протерување на екстремистите кои се обвинуваат за напади врз безбедносните сили. Се додава дека во досегашните борби биле убиени околу сто бунтовници.
XS
SM
MD
LG