Достапни линкови

Американската влада преговара за заминување на Мубарак


Администрацијата на претседателот Барак Обама преговара со египетски официјални лица за можноста за итна оставка на претседателот Хосни Мубарак и за формирање привремена влада која би ги подготвувала изборите во текот на оваа година. Ова го јави агенцијата Асошиетед прес која се повикува на извори во Вашингтон. Создавањето преодна влада која ќе ја има поддршката на египетската војска е една од идеите со цел стопирање на неколкудневните протести против Мубарак. Официјален Вашингтон страхува дека протестите можат да прераснат во општо насилство доколку не бидат преземени конкретни чекори за да се задоволи главното барање на демонстрантите: заминување на Мубарак од власт.
XS
SM
MD
LG